Шерон Стоун во Монако: На премиерата на Џејмс Бонд во „Долче и Габана“


Монако- Шерон Стоун пристигна на филмската премиера на 25. филм за тајниот агент 007  “No Time to Die”  во стил на Џејмс Бонд. Ѕвездата од „Basic Instinct”  се одлучи за сјаен сребрен миди фустан без ракави на Долче и Габана, со прерамки обложени со камења. За да го комплетира овој елегантен изглед, легендарната актерка зачекори во пар сандали со кристали.

Сандалите на актерката беа паметен избор за црвениот килим со оглед на тоа дека филмот е за гламур и акција. Покрај тоа, таа додаде сјајни додатоци, вклучувајќи прстени со смарагд и сребрена чантичка, украсена со скапоцени камења.

Во последните месеци, многу познати личности го прославија почетокот на настани во затворен простор со светкави сандали, меѓу кои Џенифер Лопез, Хајди Клум и Кристин Квин. Овој стил испрати моќна порака на ВИП настани како што се Канскиот филмски фестивал, Модната недела во Париз, шоуто на Долче и Габана и на Мет Гала.

Кога станува збор за гала-настаните, Стоун секогаш е  елегатна и грациозна. Од нејзиниот златен треперлив фустан на филмскиот фестивал во Цирих до нејзината виолетова тоалета на Долче и Габана на гала настанот на принцот Алберт и принцезата Шарлин , очигледно е дека актерката ја поддржува високата мода.

Нејзиниот изглед, кој е стилизиран од Парис Либи, ги клучува брендовите Том Браун, Шопард, Гарконс Инфиделес, ДСкваред2 и Кристијан Лубутан.

Претходно оваа година, Стоун беше наградена со Commandeur de l’Ordes des Arts et Lettres, што се доделува на уметници и писатели кои придонесуваат за проширување на француската култура и уметност низ целиот свет.