Шарлиз Терон се врати на Модната недела во Париз во стилот на Диор
Франција– Кога Диор има модна ревија, можете да бидете сигурни дека најубавата актерка во Холивуд- Шарлиз Терон ќе седи во првиот ред. Суперѕвездата, повторно русокоса, е заштитно лице на омилениот парфем J’Adior на славната куќа од 2010-тите и е редовен гостин на настаните на Диор низ целиот свет. За најновата колекција на луксузниот бренд на Модната недела во Париз , Терон носеше долга бела тоалета која всушност беше целосно направена од реси. Лежерниот елегантен изглед беше мудро искомбиниран со црното долго палто Диор Бар – класична мала црна чанта, елегантни црни очила за сонце и и со моторџиски црни чизми.
Појавувањето на Терон на Модната недела доаѓа само неколку недели пред годинешното доделување на Оскарите. Кога беа објавени номинациите, Терон помогна да се промовира филмот „До Лесли“, откако многу анонимни извори тврдеа дека номинацијата на Андреа Рајзборо успеа откако за неа лобираа моќни холивудски ѕвезди.
Сепак, Академијата за филмски уметности и науки ја потврди номинацијата на Ризборо.
Насловена како Valkyrie Miss Dior, ревијата во знак на сестрата на основачот Кристијан Диор, Кетрин Диор, која беше херој на францускиот отпор кон нацистичката окупација во Втората светска војна, а подоцна во животот, цвеќар и фармер. Моделите беа инспирирани од 50-тите.

