Шапка од рерна: Одлична комбинација на месо и компири
Едноставната и брза подготовка е само една од причините да го пробате ова интересно јадење. Месото и компирот во форма на капа е оброк кој ќе ги намами и пребирливите да го пробаат.
Состојки:
400 гр мелено пилешко или мисиркино месо
2 чешниња лук
1 голем кромид
1 парче леб
1 јајце
Половина китка магдонос
1 кг компири
1 поголем или 2 помали домати
Сол, сув зачин, слатка црвена пиперка, бибер, оригано, копар
4 лажици масло
За фил:
100 мл јогурт
100 мл млеко
1 јајце
сол
Подготовка:
Кромидот и лукот се сечкаат, па се додаваат во месото. Потоа додадете здрибеби парче леб потопено во млеко или вода, јајце и еден рендан компир, како и половина китка сечкан магдонос. Зачинете по вкус. Добро соединете.
Остатокот од компирот (околу 800 g) исечете го на прстени. Зачинете по вкус, додадете две лажици масло и измешајте. Исечете ги и доматите на прстени. Намачкајте ја тавата со преостанатите две лажици масло, а потоа ставете го месото во средината и формирајте топка. Околу месото наредете 5 компири, па домати и така додека не го пополните кругот. Се пече во загреана рерна на 220°C околу 25 минути.
Измешајте ги јајцето, млекото, јогуртот и малку сол, па соединете. Извадете го ручекот, прелијте го, па повторно ставете го во рерна, но сега на 200°C уште 25-30 минути.