Северина го најде рајот на Малдиви- сама или во друштво
По бурниот почеток на годината, која ја одбележаа многубројните концерти и настапи, регионалната поп-ѕвезда Северина реши да ги „наполни батериите“ во потоплите краишта. Во вторникот пејачката се јави од Малдиви, откривајќи дека токму на оваа егзотична дестинација ги прославиле своите родендени двајцата омилени мажи – синот Александар и менаџерот Томица Петровиќ.

Компанијата престојуваше во луксузното одморалиште со пет ѕвезди Finolhu во регионот Баа Атол, а Севе на роденденската забава приреди двојно роденденско изненадување. Во ресторанот на песочната плажа на нивната маса пристигнале две торти со прскалки, додека персоналот предводен од блескавата Северина ракоплескал и ја пеел „Среќен роденден“.
Малку порано сплиќанката му посвети емотивна објава на 11-годишниот Александар со заедничко видео. “Среќен роденден на мојот ангел, мојата најголема љубов, мојот син. Се што имам си ти…”, рекла таа.

Малдивите изминативе години се омилената дестинација на Северина за зимско „летување“. Во март минатата година го посетила и со синот, но со нив тогаш била и нејзината пријателка Соња Дворник, додека две години претходно таму летувале во друштво на тогашниот сопруг Игор Којиќ.