Сега Алек Болдвин го тужат и од филмската екипа на „Раст“- за посттрауматски стрес
САД- Тројца членови на филмската екипата на „Раст“ ги тужат Алек Болдвин и продуцентите на филмот тврдејќи дека претрпеле анксиозност и симптоми на посттрауматско стресно растројство како резултат на смртта на кинематограферката Халина Хачинс.
Тие биле во зградата на црквата на ранчот Бонанца Крик во близина на Санта Фе, кога Болдвин пукал од пиштолот, смртно погодувајќи ја Хачинс и повредувајчи го режисерот Џоел Соуза. Болдвин негираше дека го повлекол чкрапалото, иако обвинителите го обвинија за ненамерно убиство за наводно пукање од оружјето додека било вперено во Хачинс.
Според тужбата, сите тројца биле во непосредна близина на Болдвин кога бил испукан пиштолот и се здобиле со „повреди од експлозија“ од заглушувачкиот звук на истрелот.
Според жалбата, Хачинс паднала на земјата директно пред едниот од нив.
Претставникот на Болдвин одби да коментира.
Болдвин, се соочува со обвинение за ненамерно убиство, кое предвидува максимална казна од 18 месеци затвор.
Тројцата тужители им се придружуваат на неколку други членови на филмската екипата кои поднеле тужби во Ново Мексико и Калифорнија.Вдовецот на Хачинс, Метју, поднесе тужба пред една година. Во октомври тој се согласи на спогодба што ќе овозможи завршување на филмот. Продуцентите очекуваат да продолжат со снимање оваа пролет во Монтана, а Болдвин се уште е во главната улога. Родителите и сестрата на Хачинс поднесоа тужба претходно овој месец.
Минатата недела, Rust Movie Productions се согласи да плати 100.000 долари заради непочитување на договорот за безбедност на работното место од Бирото за здравје и безбедност при работа во Њу Мексико. (Варајaти)