Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол
Седум лица во Русија денеска беа осудени од три до шест години затвор за дистрибуција на алкохолни пијалоци со метанол, при што загинаа 44 лица.
Судот во Екатеринбург ги осуди и за продажба на стоки што не ги исполнувале безбедносните услови и тоа резултирало со смрт на две или повеќе лица.
Обвинителите изјавија дека седумтемината осудени нелегално продавале алкохол од 2020 година и дека во 2021 година продавале пијалоци што содржат прекумерни количества на метанол, што вообичаено се користи како растворувач.
Од лицата кои консумирале од алкохолот со метанол 51 лице се затруле, а од нив 44 починале.