Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.

Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, по скратена постапка, во второ читање, е единствената точка по која ќе расправа  Комисијата за финансирање и буџет.

За спроведување на интервју на пријавени кандидати на Јавниот повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка, ќе дискутираат пратениците – членови на на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците  и на Законодавно – правната комисија е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање.