Филипче бара да се распише референдум за ЕУ
Лидерот на СДСМ вели дека последиците од погрешните политики на власта веќе ќе ги плаќаат граѓаните и нивните семејства
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција побара власта да распише референдум за членство во ЕУ, и дека за тоа мора да одлучат сите граѓани.
„Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино Мицкоски да одлучува за нашите судбини“ , рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче, порача дека граѓаните не се наивни и се свесни за пропагандата што ја спроведува ВМРО.
„Доста е веќе од лагите и пропагандата на криминалната група на власт. Едноставно доста е. Граѓаните се будни, свесни се, не се наивни, не можете повеќе да ги лажете.Сите веќе ја знаат вистината. Мицкоски и бандата не сакаат во Европа затоа што таму има одговорност. Таму се одговара пред европски обвинители за криминал и за корупција. И затоа не држат како заложници. Затоа се создаваат вештачки конфликти. Затоа се идентификуваат лажно внатрешни предавници и надворешни вештачки непријатели“, рече Филипче.
Почитувани граѓани, Зошто ова што го говориме е многу важно? Затоа што вие имате право да знаете какви отстапки би следеле понатаму доколку СДС и Филипче повторно добијат можност да одлучуваат за државните позиции.
Од авион се гледа дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство, а не само за внесување на неколку илјади Бугари во Уставот.
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт“, вели Манасиевски.
Според него, граѓаните треба да знаат какви отстапки би следувале доколку СДСМ повторно добие можност да одлучува за државните позиции.
Манасиевски нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет и дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт.