Филипче: „Христијан не е најголемиот Македонец. Тој е најголемиот предавник“


Фото: Б. Грданоски

 

„Христијан е најголемиот Македонец? Не, тој е најголемиот предавник. Тоа што премиерот сака да излезе дека бил на браната на нешто што ние со политики сме го потврдиле и сме го заштитиле, а тоа што тој не го прави чекорот, е само дел од неговата лажна кампања. Дали самиот верува или свесно манипулира, не сум сигурен, но и тоа со текот на времето ќе стане јасно“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“

За тоа дали Мицкоски е најголемиот Македонец и патриот, лидерот на СДСМ, како што вели, го потсетува на нешто што се случило поодамна.

„Ќе го потсетам, еве, како доаѓаше во седиштето на СДСМ, кога и јас и другите партиски другари бевме дел од младината и бараше поддршка Христијан Мицкоски од Бранко Црвенковски да се кандидира за претседател на Студентскиот сојуз. Ете толку е Христијан Мицкоски ВМРО. Дечкото ништо не го интересира, освен неговиот интерес. Личен“, изјави Филипче.

Притоа тој го обвини премиерот дека говори за национално обединување, а всушност „од страна на бизнис-интереси, странски интереси, Мицкоски е идентификуван како најмекиот човек во Македонија досега во историјата, човек што ќе направи сè за да одработи за туѓи интереси, а не за државата“. Сепак, не одговори на прашањето кои се тие бизнис и странски интереси.