Се судрија возови во Чешка, загинаа двајца


Двајца загинаа, а седуммина се во критична состојба, додека 31 лице се повредени, по судар на два патнички воза во близина на чешкиот град Домазлице, на западот на земјата, јави чешката новинска агенција ЦТК, пренесе Ројтерс.

Чешкиот министер за сообраќај Карел Хавличек објави на твитер дека еден од возовите што учествувал во сударот е возот Ex 351, кој според наводите на чешката железница е брзиот воз на релација Минхен-Прага.

Чешката полиција објави на Твитер дека две лица го загубиле животот во несреќата, јави Франс прес, во првата информација за железничката несреќа вна западот на Чешка.