Се самоуби Џуфри, жената кои ги обвини принцот Ендру и Епштајн за сексуална злоупотреба


Вирџинија Џуфри, која ги обвини британскиот принц Ендру и Џефри Епштајн за сексуална злоупотреба, изврши самоубиство на 41-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Таа го обвини Епштајн и неговата поранешна девојка Гислен Максвел дека ја подведувале на војводата од Јорк кога имале 17 години.

Во соопштението од нејзиното семејство се наведува дека Џуфри вчера си го одзела животот откако целиот свој живот беше жртва на сексуална злоупотреба и трговија со луѓе.

Таа со сопругот и трите деца живееше во западниот дел на Австралија.

Пред три недели Џуфри на Инстаграм објави дека преживеала сообраќајна несреќа.

Џуфри по обвинувањата дека била сексуално злоупотребена стана истакната активистка на Движењето „Ми Ту“ (Me Too).

Принцот Ендру ги негираше обвинувањата од Џуфри и во 2022 година постигнаа вонсудска спогодба, во која тој жали за неговата поврзаност со Епштајн, но не содржеше признание на вина или извинување.

Џуфри како тинејџерка беше жртва на трговија со луѓе. Таа ја запознала Максвел во 2000 година, а потоа и американскиот финансиер Епштајн. Таа тврдеше дека со години била жртва на злоупотреба од него и неговите соработници.

Епштајн изврши самоубиство во затвор во 2019 година, каде што чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Претходно, во 2008 година, тој беше осуден за поттикнување на проституција на малолетно лице. Максвел беше осудена на 20 години затвор во САД за нејзината улога во трговијата со луѓе и злоупотребата на Епштајн.