Се расипа најновиот трамвај во Загреб, вчера го пуштија во употреба


Утрово во 8.20 часот, имаше технички потешкотии со погонскиот систем на трамвајот 2402 на улицата „Град Вуковар“. Станува збор за нов трамвај „Кончар“ кој вчера беше пуштен во употреба на линијата број 13, која сообраќа од Житњак до плоштадот Кватерников.

Расипаниот трамвај, до депото го влечеше камион.

Се очекуваат повремени потешкотии со новата серија трамваи, а техничарите од „Кончар“ сѐ уште работат на прилагодување на системот, велат од ЗЕТ.

„Со брза интервенција на сервисерите од „Кончар“, трамвајот е поправен кај кружниот тек на „Хајнцелова“ улица и со сопствена моќ се извозел до Депото, каде што се вршат дополнителни контроли за секој случај. Сервисерите реагираат брзо во вакви ситуации, откриваат и елиминираат евентуални нарушувања и дополнително ги прилагодуваат параметрите на системот”, вели ЗЕТ. 

Уште еден застој на трамваи се случил во Загреб утрово, па така во 7:30 часот во Пречко, по ред биле паркирани четири трамваи.

„Платив 11 евра за такси за четири километри за да стигнам на работа навреме бидејќи трамваите не работат“, вели читател за Индекс.