Се расчистува депонијата во Карпош – ќе се става и рампа


Од Општина Карпош денеска информираа дека општинските служби задолжени за хигиената на јавниот простор во текот на вчерашниот ден започнале со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ „Борис Трајковски“.

„Оваа мини депонија веќе некој период несовесно се полни со шут и друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па оттука општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување на заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад, велат од Општина Карпош.


Воедно, посочуваат, дека инспекторатот од Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и истите ќе ги казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата територија на Општина Карпош.