Се повеќе парижани одгледуваат кокошки во станови


Се повеќе парижани чуваат кокошки во своите станови во срцето на главниот град и ги одгледуваат на балкони и тераси. Софистицираните жители на главниот град на модата повеќе не треба да патуваат до локалниот пазар на свежи јајца за нивниот утрински омлет, а одгледувањето на сопствени свежи јајца е исклучително лесно.

Кукурику се почесто се слуша од балконите во затворените заедници и луксузните згради во Париз. Така, еден од главните производители на кокошки несилки успеа да продаде повеќе од 20.000 кокошки за производство на јајца низ цела Франција во 2021 година, а од отворањето на својата продавница во Париз, продаде повеќе од 30.000.

„Мислевме дека ќе стигнеме до повеќе рурални области“, вели Станислас де Бомонт, основачот на компанијата. „Но, всушност, повеќето од нашите клиенти се во и околу Париз“.

Економскиот бенефит е неспорен – скромна инвестиција за бесплатни дневни јајца, а може да послужи како мотиватор за луѓето во криза. Но, за повеќето луѓе, главниот мотив е органската и еколошката, т.е. стравот од нездрава храна. А модата за одгледување кокошки во урбана средина во Франција доаѓа од САД, каде трендот започна откако градските власти во Њујорк, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес дозволија одгледување кокошки во границите на градот.

Движењето за урбани кокошки се очекува да добие следбеници ширум светот. Забележано е дека на кокошката не и треба петел за да несе јајца, па нема да ги разбудите соседите во 3 часот наутро.