Се подготвуваат платежните картички за пензионерите и невработените


Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите.

За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ по здравствената криза поради корона вирусот, Владата го најавува четвртиот пакет на економски мерки со кој  платежни картички ќе им бидат доделени  на пензионерите со пензии до 15.000, на пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.

Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а ќе продолжи и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.

Од СДСМ тврдат дека со навремените и ефикасни мерки и политики успеале да ги ублажат првичните удари врз економијата, а сега целта е „да се изгради развојна  економија подготвена да одговори на сите предизвици и што ќе обезбеди шанса за сите“.