„Се откажав од борбата“: Италијанскиот Робинзон Крузо го напушта островот
Мауро Моранди живееше сам на остров близу Сардинија од 1989 година но сега мора да си замени под притисок на властите
Човекот познат како италијанскиот Робинзон Крусо, кој живее сам на медитерански остров повеќе од 30 години откако наиде на тешкотии во морето, изјави дека конечно се предава на притисокот од властите да замине и ќе се пресели во мал стан.
81-годишниот Мауро Моранди дојде ма Будели, остров покрај Сардинија познат по својата плажа со розова песок, во 1989 година откако неговиот катамаран се расипа на патот кон јужниот дел на Пацификот. Во случаен пресврт на судбината, Моранди откри дека чуварот на островот е пред пензија и затоа го напушти едриличарството, го продаде својот брод и ја презеде улогата.
Од тогаш, Моранди, чиј дом е поранешно засолниште од Втората светска војна со поглед кон залив, ги запозна сите карпи, дрвја и животински видови на суровиот остров.
Моранди рече дека решил да замине на крајот на месецот по неколку закани за иселување од властите на националниот парк Ла Мадалена, кои управуваат со Будели од 2016 година и сакаат да го повратат неговиот дом и да го претворат островот во центар за еколошко образование.
„Се откажав од борбата“, рече тој. „По 32 години тука, се чувствувам многу тажно што заминав. Тие ми рекоа дека треба да работат на мојата куќа и овој пат се чини дека е реално“. Властите на националниот парк тврдат дека Моранди извршил измени во зградата без потребните дозволи.
Моранди, по потекло од Модена, во централна Италија, рече дека се преселува во мал стан во блиската Ла Мадалена, најголемиот остров на архипелагот. „Ќе живеам во предградието на главниот град, затоа само ќе одам таму на шопинг, а останатото време ќе го задржам за себе“, рече тој. „Мојот живот нема да се промени премногу, сепак ќе го гледам морето“.
Што се однесува до Будели, тој рече: „Се надевам дека некој може да го заштити како и јас“.
Со години, Моранди го чуваше островот без проблеми, расчистувајќи ги неговите патеки, одржувајќи ги неговите плажи недопрени и подучувајќи ги еднодневните патници за неговиот екосистем.
Но, неговата улога се најде под закана кога банкротираше приватната компанија која го поседуваше островот. Во 2016 година, судија од Сардинија донесе одлука островот да биде вратен во јавни раце.
На туристите им е забрането да одат по розовата плажа Буделии да пливаат во морето од 90-тите години на минатиот век, но преку брод можат да го посетат островот во текот на денот и им е дозволено да одат по патека зад плажата.
Во последниве години, неколку петиции привлекоа илјадници потписи за поддршка на задржување на Моранди на островот. Неговите многу приврзаници го изразија своето разочарување и гнев на неговата Фејсбук страница во неделата. (Гардијан)