Се омажи нобеловката Малала Јусафзаи
Англија- Добитничката на Нобеловата награда за мир и активистка за човековите права, Малала Јусафзаи (24) објави дека се омажила за партнерот Асер Малик на скромна церемонија во Бирмингем.
-Денес е посебен ден во мојот живот. Асер и јас се обврзавме да бидеме партнери до крајот на животот. Возбудени сме што заедно ќе чекориме по патот кој е пред нас, напиша Јусафзаи.
Јусафзаи е позната како борец за правото на образование и правата на жените, особено во деловите каде талибанците забраниле девојчињата да одат на училиште. На 9 октомври 2012 година над неа е извршен атентат, кога напаѓачот влегол во училишниот автобус додека се враќала од училиште и ја застрелал со два куршуми во главата и вратот.
Одговорноста за нападот ја превземаа талибанците. По атентатот таа била во критична состојба, но откако малку и се подобрила здравствената состојба била пренесена во Бирмингем на понатамошно лекување.