Се огласија од „Ист гејт мол“: Во трговскиот немаше посетители за време на пожарот


Фото: Б. Грданоски

По информацијата за пожар во „Ист гејт мол“  кој се случи денес во 9 часот и 30 минути, од трговскиот центар информираат дека  техничките служби заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот и навремено го спречија неговото ширење.

– Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани.
Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета
голема материјална штета – додаваат од „Ист гејт“.

Додаваат дека настанот се случил во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители.

Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи.

По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време информираат од Ист гејт.