Се очекуваат безредија во Црна Гора на денот на изборите
Директорот на црногорската Управа на полицијата, Веселин Вељовиќ, тврди дека располагаат со оперативни податоци дека поединци и групи планираат предизвикување инциденти и немири на избирачките места на парламентарните избори во недела.
-Нашите сознанија укажуваат дека овие лица преку друштвените мрежи и други канали заговараат за време на гласањето и по затворањето на избирачките места граѓаните да излезат на улица, да предизвикуваат немири и да го нарушуваат јавниот ред, вели тој во изјава за Танјуг.
Тој наведе дека полицијата во сите градови ќе постапува одлучно и одговорно, а оние кои ќе се обидат да предизвикаат инциденти ќе бидат спречени и ќе понесат одговорност.
Парламентарните избори на 30 август ќе бидат 11-ти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора, а петти по обнова на независноста во 2006 година.