Се исплати бугарската пропаганда и давањето пасоши во Албанија, за прв пат се попишале повеќе Бугари отколку Македонци
Катастрофа за македонското население во Албанија откако беа објавени резултатите од пописот. Целата пропаганда што ја спроведе Бугарија како и делењето на пасоши резултира за прв пат во историјата на Албанија да има речиси тројно повеќе Бугари отколку Македонци.
Според резултатот од пописот 7957 се попишани како Бугари додека само 2281 се попишале како Македонци. Интересно е што досега во сите 11 пописи кои ги има спроведено Албанија ниту еден жител не се изјаснил како Бугарин.
Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.