Се бара слобода за обезбедувачите во „Пулс“, спасувале деца


Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера беа пред судот, со порака, дека ако не биле лицата од обезбедување, тие нема да биле живи.

Кочанчаните порачаа дека дел од обезбедувачите ги ваделе надвор, се враќале во огнот, делувале за да ги спасуваат. Со транспаренти во текот на вчерашната вечер, кога се одлучуваше за притворите, дојдоа и пред судот.

Обвинителството ги третира како осомничени бидејќи дозволиле во објектот да влезат малолетници, од кои три лица загинаа. Со тоа, според обвинителите, ги прекршиле законите.

Според домашното законодавство, забрането е лица под 18 години да бидат пуштани во клубови и дискотеки, особено по 12 часот.