СДСМ: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка, изјави денес Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ. 

Според неа, сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.

-Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!? Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција.Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен Кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.

Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните. порача Кузеска.