СДСМ објави и бугарска лична карта на Данела Арсовска


На денешната прес-конференција на Славјанка Петровска од СДСМ објави  фотографија од личната карта на Данела Арсовска издадена во Бугарија. Од фотографијата се гледа дека е издадена во 2017 година, непосредно по крвавите настани во македонскиот Парламент.

-Личната карта е издадена на 5-ти мај 2017 година, само една недела после крвавиот 27-ми април и упадот во Собранието. Со каква намера и цел Арсовска ја подигнала бугарската лична карта, откако пропадна обидот да се убијат пратеници,порача Петровска.

Според него, Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема. Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.
Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет, порача Петровска.
 

Вчера  Арсовска во телевизиско гостување одговори на прозивките на СДСМ за наводно поседување бугарски пасош.

-Разочарана сум, рече таа ,како не им е срам да излегуваат со овие небулози? Срамно е ова да го направат на два дена од крајот на кампањата. Јас немам ниту една дамка, а на некои им гори под нозете, рече Арсовска на прашањето за тоа дали има бугарско државјанство додавајќи дека ќе мора низ постапки да ги докажува овие работи.

Денес таа порача дека  нема да седне на иста маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат, дека нема променето име како што се пишува јавно и дека тоа може да се докаже со извод од матична книга на родени. Негираше дека има бугарско државјанство.

„Родена сум Данела Јовановска. Името го добив по дедо ми, Дане кој што е Македонец. Родена сум скопјанка, живеам во Скопје“, изјави Арсовска додавајќи дека намерно се шират лаги кусо пред изборите, со цел да се оневозможи низ постапка докажувањето на вистината.

“Јас не поднесувам оставка, а тој нека си ја спреми оставката за во понеделник”, рече Арсовска упатувајќи порака до Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија дека единствената бугарска врска во Македонија е Зоран Заев.

-Единствениот човек во политиката кој има поврзаност со Бугарија, заедно со Љубчо Георгиевски е тој и двајцата се дел од власта.

„Сакам да испратам порака до сите граѓани на Бугарија, ние сме братски хора, сшти народ”, кажа Зоран Заев на три недели пред да формира влада во 2017 година.За Зоран Заев Бугарите во Втората светска војна не биле окупатори, туку „администратори”. Според Зоран Заев Гоце Делчев е Бугарин. Зоран Заев ги поткопа македонските позиции, затоа што како премиер на држава излезе и говореше невистини, што на секој еден сега му дава право да се повикува на тие изјави како факт и да ја уценува Македонија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.