СДСМ: Мнозинството во Советот на Град Скопје не е завршена работа
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева порача денес дека објавеното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје преку соработка соп Левица – не е заврпшена работа и може да се смени.
-Денес се потврди само дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто, нешто што одамна го зборувавме. Што се однесува до Советот на Град Скопје, ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство.Како што знаете ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и, во зависност од резултатот, може да дојде до нов распоред на советничките места. Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните, не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, а СДСМ ќе ги вклучи и нив.
Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок. Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години, порача Јанева.