СДСМ: Антифашизмот за нас е најважен


 

Не може некој да ја обвинува СДСМ за отворање клубови со имиња на фашистички соработници, а во исто време нив да ги има во неговиот партиски статут. „СДСМ осудува провикации од било каков вид. Оваа земја почива на херојството на нашите претци и делата на македонската антифашистичка борба. За нас значењето на антифашистичката борба е исклучителна, државничка и безвременски важна“, изјави пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ на прес-конференцијата во Собранието.

Тој рече дека СДСМ секогаш била на вистинската страна на историјата за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ е партија која во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов, сојузникот и извршителот на Третиот Рајх, го велича неговиот лик и дело. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си го промени партискиот статут, да си расчисти во самата партија за што се, па потоа да поднесува закони“, нагласи Коциќ.

Според него, треба иституционално да се најдат решенија за да се затворат овие прашања за „кои сме дека иритираат, но сме уверени дека се спорадични и предизвикани од нечиј трет интерес. Бидејќи постојат поединци и партии кои сакаат нашите две држави да останат во вечен конфликт кој нема да донесе ништо добро“.

Коциќ уште рече дека е „лицемерно, безобразно и дрско е ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх да ја обвнува СДСМ, партијата којашто е единствен наследник и поддржувач на вредностите од НОБ во државата“.

Министерството за правда работи на нов закон за кој Коциќ повика преку широка јавна дебата да се разгледа и во еден инклузивен процес да се дојде до најдоброто решение и да биде усогласен со регулативата на ЕУ.