Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден


Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден, јавија денеска локалните медиуми.

Официјалната саудиска новинска агенција СПА наведе дека седуммина, четворица сомалиски и тројца етиопски државјани, биле егзекутирани поради шверц на дрога.

Еден Саудиец бил егзекутиран поради убиство на мајка.

Од почетокот на 2025 година, Саудиска Арабија егзекутирала 230 луѓе, од кои 154 врз основа на пресуди поврзани со дрога.