Саудијката Дина Абдулазиз – успешна модна приказна


САД– Саудиската принцеза Дина Аљухани Абдулазиз, не сакаjќи да ги следи строгите арапски правила на живот, успеала да си го изгради животот што го сака – да биде во светот на модата. Таа притоа одбила да носи хиџаб, а тоа „го правда“ со нејзиното „право на избор“, како што вели.

Модната икона, која е среде петтото десетлетие од својот живот, е родена во Калифорнија и студирала на неколку американски колеџи, а станала принцеза откако се омажила за саудискиот принц-султан бин Фахад бин Насер бин Абдулазиз кога имала 23 години. Дина вели дека точно се сеќава на мигот кога решила животот да ѝ го посвети на модата, прво кусо како манекенка, а потоа, од 2006 година, и како сопственичка на свој бренд.

– Ми помогна тоа што ме воспита мајка која секогаш сакаше добро да се облекува. Ја сметам за своја прва муза. И затоа, кога имав шест години, британскиот моден магазин „Татлер“ дојде во моите раце. Си помислив: „О Боже мој, Зар ова постои!?“ Посакав да знам сè за тоа. Го проучував секое списание, бев желна за сè што беше поврзано со модата, вели таа.

Од крајот на шеесеттите, жените во Саудиска Арабија се грижат за модата и купуваат уникатни модни парчиња, според оваа Саудијка.

– Тие не зборуваат за тоа, не го покажуваат пред другите, не се сликаат, затоа што тоа се смета за вулгарно, додаде таа.

Љубовта кон модата ја однела до местото уредник на арапското издание на списанието „Вог“ во 2016 година, но го напуштила две години подоцна. Дина е достапна и на Инстаграм, каде ја следат 114.000 луѓе.