Саудијци купија кули за мобилни оператори во три земји во регионот
„Јунајтед груп“ (United Group) фокусирана на Југоисточна Европа во четвртокот соопшти дека се согласила да ја продаде целата своја инфраструктурна единица за мобилни кули во Бугарија, Хрватска и Словенија на „Тавал“, подружница на „Стц. Груп“ (Stc Group) со седиште во Саудиска Арабија, во зделка целосно во готовина проценета на 1,22 милијарди евра.
Според договорот, „Тавал“ ќе преземе сопственост на вкупно 4.800 мобилни кули во договорот што го означува влезот на компанијата од Саудиска Арабија во европскиот телекомуникациски сектор, се вели во соопштението за печат на „Јунајтед груп“.
Стекнувањето од страна на „Тавал“ ќе обезбеди свеж капитал за зајакнување на мобилната мрежа и вклучува планови за проширување на околу 2.000 дополнителни локации во следните 20 години.
За возврат, приходите од продажбата ќе ѝ овозможат на групата фокусирана на Југоисточна Европа дополнително да инвестира во телекомуникациски и медиумски услуги и инфраструктура, во согласност со неодамнешниот тренд на телекомуникациските оператори во Европа и светот, како што се „Водафон“ и „Селнекс“ да се ослободуваат се од нивните инфраструктурни мобилни кули.
– Воодушевени сме што успешно ја искристализиравме вредноста на средствата на нашите кули во договор што ни овозможува да ги намалиме глобалните макроекономски притисоци и да управуваме со нив. Ова ќе ги поддржи континуираните инвестиции во компаниите од нашето портфолио за да се осигураме дека тие ќе останат конкурентни на нивните пазари, рече извршниот директор на „Јунајтед груп“, Викторија Боклаг.
„Тавал“ е најголемиот снабдувач на ИКТ инфраструктура во регионот на Блискиот Исток, Европа и Северна Африка, со портфолио од повеќе од 16.000 мобилни кули.