Сардинија ги казнува туристите кои ќе земат песок со 3.000 евра


Славната плажа Spiaggia della Pelosa

Сардинија, позната по прекрасните плажи, тешко се справува со влијанието на туризмот врз животната средина и со игнорирањето на предупредувањата плажите да  останат недопрени. Затоа, таа одлучи да преземе строги мерки против оние кои одлучуваат да земат со себе и најмала количина песок или школки.

Доколку ги откријат, „шверцерите“ би можеле да бидат казнети помеѓу 500 и 3.000 евра, што неодамна ѝ се случи на една екипа фатена на аеродром на Сардинија со четири килограми песок од различни плажи.

Сите, освен еден, беа казнети со максимална казна, рекоа властите, објаснувајќи дека плажите на Сардинија претрпуваат непоправлива штета секоја година, бидејќи „туристите со себе носат песок, камења и школки без никаква почит“.

Властите во Сардинија сериозно ги сфаќаат правилата за некои плажи. На една од најубавите плажи во Европа (Spiaggia della Pelosa), туристите под крпа мора да имаат сламена простирка и да ја почитуваат строгата забрана за пушење.

Покрај тоа, на плажата има ограничен број посетители и се наплатува влезна карта.