Самитот на НАТО ќе се одржи во Брисел на 14 јуни

Генералниот секретар на НАТО соопшти дека самитот на лидерите на земјите членки на НАТО ќе се одржи на 14 јуни во Брисел.
-Агресивното делување на Русија, терористичката закана, сајбер нападите, последиците од климатските промени врз безбедноста и растот на моќта на Кина, рече Јенс Столтенберг, се главните теми на кои ќе се разговара.
Ова ќе биде првиот самит на американскиот претседател Џо Бајден.