САД ќе донираат 500 милиони дози „Фајзер“ вакцини


Администрацијата на САД планира да донира 500 милиони дози вакцина Pfizer против  корона вирус на речиси сто земји во следните две години, изјави во средата добро информиран извор.
САД ќе купат 200 милиони дози оваа година и 300 милиони дози во првата половина на следната година, рече изворот. Сето тоа ќе го донираат на сиромашните земји, 92 држави и на Африканската унија, рече изворот.

Донациите ќе одат преку програмата COVAX за снабдување со вакцини за неразвиените земји. Оваа иницијатива е поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Американскиот претседател eо Бајден ќе го објави планот во четврток. Тој во средата отпатува на самитот Г7 на најиндустријализираните нации во светот.