САД егзекутираа жена по седум децении
Жена од Канзас е егзекутирана рано во средата, првпат по речиси седум децении американската влада уби затвореничка.
Лиза Монтгомери (52) беше прогласена за мртва во 1.31 часот откако доби смртоносна инјекција во сојузниот затворски комплекс во Тере Хауте, Индијана. Таа беше 11. затвореник што добила смртоносна инјекција таму од јули кога Доналд Трамп, ревносен поддржувач на смртната казна, ги продолжи федералните егзекуции по пауза од 17 години.
„Неуспешната администрација беше прикажана во целост вечерва“, рече адвокатот на Монтгомери, Кели Хенри во изјава. „Секој што учествуваше во погубувањето на Лиза Монтгомери треба да се чувствува посрамен. Владата не направи ништо да запре во нејзината ревност да ја убие оваа оштетена и заблуден жена“, рече Хенри. „Егзекуцијата на Лиза Монтгомери беше далеку од правдата“.
Тоа се случи по неколкучасовни правни расправии пред Врховниот суд со кои се расчисти патот за извршување на егзекуцијата. Монтгомери беше првата од последните три федерални затвореници што требаше да умрат пред инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден следната недела, кој се очекува да ги прекине федералните егзекуции.
Федерален судија за областа Колумбија ги запре закажаните егзекуции за подоцна оваа недела на Кори Џонсон и Дастин Хигс со пресуда во вторникот. Џонсон е осуден за убиство на седум лица поврзани со неговиот шверц на дрога во Вирџинија, а Хигс е осуден за нарачување убиства на три жени во Мериленд. И двајцата беа позитивни на Ковид-19 минатиот месец.
Монтгомери ја уби 23-годишната Боби Џо Стинет во градот Скидмор во северо-западниот дел на Мисури во 2004 година. Таа со јаже ја задави Стинет, кој беше бремена во осми месец месеци, а потоа со кујнски нож ѝ го пресече и го извади девејчето. Монтгомери го зеде детето со себе и се обиде да го прикаже бебето како свое.
Апелацискиот суд ѝ одобри на Монтгомери прекин на егзекуцијата во вторникот, непосредно откако друг апелациски суд ја укина пресудата на судијата во Индијана, според која таа најверојатно е ментално болна и не може да сфати дека ќе биде осудена на смрт. Но, и двете жалби беа укинатисо што се отвори патот за погубувањето на единствената жена на федералниот список на казна смрт.