Руски научник: Колку повеќе различни вакцини, толку подобро


 

Развивање на повеќе вакцини за борба против корона вирусот ќе овозможи избор на најприкладна за различни групи жители, изјави генералниот директор на рускиот научен центар „Чукамов“, Ајдар шмухамедов во интервју за Тас.

Ишмухамендов забележа дека развојот на нови лековите препарати, а посебно вакцини, е процес кој не гарантира стоотстотен успех. Статистички гледано, јанмногу еден од неколку десетици препарати успешно го поминува патот од лабораториски протоип до широка употреба во медицинската пракса, вели научникот.

„Познати се случаите кога некој препарат е забранет за употреба по неколку години клиничка пракса заради резултатите од долгорочни или ретки несакани ефекти. Невозможно е тоа да се предвиди унапред и за сега постои само едно решение – да се направат разумен број таканаречени конкурентни кандидати, а дури потоа да се одбере оптималниот“, вели Ишмухамедов.

„Поради специфичните својства на вакцините, може да се случи да стане неопходно сите да постојат во медицинскиот арсенал, но да се користат во различни случаи за различни групи граѓани – за редовна планирана вакцинација на големи популации, за изолација на региони на зараза, за различни групи – лекати, војска, за деца итн. Се надеваме дека и нашата верзија успешно ќе се придружи на оваа селекција“, вели генералниот директор.