Руска фирма планира производство на „спутник V“ во Германија

Руската фармацевтска фирмна „Р-Фарм“ треба во својот погон во Баварија секој месец да произведува до 10 милиони дози од вакцината „спутник V“ рече денеска нејзиниот директор Алексеј Репик.
Германија се подготвува за почеток на билатерални преговори со Русија за набавка на таа вакцина против Ковид-19, но конечната одлука ќе зависи од тоа дали „спутник V“ ќе добие зелено светло од Европската агенција за лекови ЕМА.
ЕМА во моментот анализира податоци за вакцината на барање на фирмата „Р-Фарм Германија“. Стучњаците од ЕМА оваа недела би требало да ја посетат Москва во склоп со процесот на преиспитување на вакцината.
Би почнале со 4-5 милиони дози месечно
Според зборовите на директорот Репик, планот е на почеток на производството на „спутник V“ во погонот во баварскиот град Илертисен е во напредна фаза.
„Би почнале со 4 до 5 милиони дози месечно“, вели тој, објаснувајќи дека комплетната доза подразбира прва инекиција и второ довакцинирање.
„Со производните капацитети на максимум, месечно ќе произведуваме одум до 10 милиони дози“, додаде Репик. Тоа би се постигнали во последниот квартал на 2021 година.
Репик, исто така, изрази уверување дека ЕМА ќе ја одобри руската вакцина.
Ако тоа се случи, баварската подружница на руската фармацевтска компанија би можела да стане еден од главните производители на „спутник V“ на големиот пазар на ЕУ.
Производството во Германија би можело да почне во третиот квартал од годинава.
Засега, не се знае колку време ќе ѝ треба на ЕМА да донесе одлука.