Руска бајка на четири тркала: Еве колку чини новата „лада нива“ (фото)


Автомобилот „ладанНива“  не се разликува многу од оригиналната верзија која беше лансирана во 1977 година.

Официјално е најстариот „нов“ автомобил кој сè уште е во продажба. А сега има и Sport верзија.

Најавен на крајот на минатата година, тукушто пристигнува во салоните, каде почетната цена е нешто под 18.000 евра.

Овој мал ново-стар теренец доби голем број на надградби во спортската опрема, а најважно е значителното зголемување на моќноста.

Наместо стариот 1,7-литарски мотор, сега под хаубата работи 1,6-литарски четирицилиндричен со 16 вентили, кој развива 122 коњски сили.

Точно, тоа сè уште не е многу. Но, ако се земе предвид дека претходниот мотор имаше само 83 КС, ова е приличен скок. Сепак, сè уште се потребни речиси 12 секунди за да се постигне 100 km/h.

Тоа не е сè што нуди верзијата Sport. Моќта се испраќа преку надграден мануелен менувач со пет брзини, иако AutoVAZ, матичната компанија на марката Lada, не кажува точно која е разликата.

Како што дознава Motor1.com, суспензијата и сопирачките се подобрени, иако деталите, како и менувачот, не се прецизирани.

Визуелно, Niva Sport има нов преден браник со тесни дневни светла. Има и нови 17-инчни алуминиумски тркала.

Сè уште користи постојан погон на четири тркала, со намалена брзина за потежок терен. Исто така, има малку поголем клиренс од стандардната Niva.


Внатре, работите веќе не се толку застарени. Niva Sport носи помодерни карактеристики од Niva Legend, како што се загревање на предните седишта, електрично прилагодливи ретровизори и климатизација.

Спортските детали вклучуваат специјални навлаки за седиштата и спортски волан.