Русија живее од резерви, загрозени 200.000 работни места во Москва


Околу 200.000 луѓе се изложени на ризик да ги загубат своите работни места во Москва бидејќи странските компании го прекинаа своето работење или одлучија да го напуштат рускиот пазар, предупреди денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Московските власти се подготвени да ги поддржат луѓето кои ќе останат без работа, нудејќи им обука и привремени и општествено важни работни места.

„Руската економија не може бесконечно да се потпира на своите финансиски резерви и ќе мора да се трансформира за да се справи со ефектите од меѓународните санкции“, оцени и  гувернерката на Централната банка Елвира Набиулина. Во најзначајниот говор откако Русија ги испрати своите сили во Украина на 24 февруари, Набиулина рече дека ќе бидат потребни две години, до 2024 година, за инфлацијата да се врати на целта од 4 отсто, пренесе Ројтерс.

„Периодот во кој економијата може да живее од резерви е ограничен. Во вториот и третиот квартал ќе влеземе во период на структурна трансформација и потрага по нови деловни модели“, рече таа.
 
Русија најави и законски мерки поради странските блокади на нејзиниот имот..