Русија забрани цртан филм на „Дизни“ затоа што главниот лик е геј


 

Рускиот државен регулатор за комуникации Роскомнадзор ја предупреди компанијата „Дизни“ во петокот дека во таа земја не смее да се прикажуваи да се промовира краткиот филм „Аут“ чиј главен лик е геј затоа што во Русија е забрането да се прикажуваат содржини кои се оценети како штетни за децата.

Роскомнадзор сооптши дека упатиле писмо до „Дизни“ во кое се предупредува компанијата дека е спротивно на рускиот закон децата да се изложуваат на содржини кои „ги негираат семејните вредности и промовираат нетрадиционални сексуални односи“.

„Аут“ во САД излезе на каналот „Дизни“ во мај лани. Од продукцијата на „Дизни“ и „Пиксар“, „Аут“ е седми филм од серијалот „Спарк шортс“ и прв краток филм на двете компании во кој главниот лик е геј.

„Дизни“ не објави коментар на одлуката на русија.

Во Русија истополовите односи се легални, но законот од 2003 година забранува „ширење пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“, меѓу младата популација.

Организацијата за заштита на човековите права го осудија законот, утврдувајќи дека придонел за зајакнување на негативниот општествен став кон хомосексуалноста.

Еден руски обвинител во понеделникот побара забрана на Инстаграм реклама на модната куќа „Долче и Габана“ која прикажува истополови двојки како се бакнуваат.