Русија: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до трета светска војна
Пристапувањето на Украина во НАТО може да доведе до трета светска војна и самото НАТО тоа го сфаќа, вели заменик-секретарот на рускиот Совет за безбедност Александер Венедиктов во интервју за Тасс.
Според него, барањето на Украина за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“. „Киев е свесен дека таков ќекор значи гарантирано ескалирање на трета светска војна“, вели Венедиктов.
„Очигледно на тоа сметаат – да створат информативна бука и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе„, додава тој.
„Но, со оглед на тоа дека многу членови на киевскиот режим не се во допир со стварноста, не би ме изненадило некои луѓе таму навистина да очекуваат нивната земја да биде примена во НАТО“, вели Венедиктов.
„Исто така, свесни сме дека покрај изјавите за невклученост во случувањата во Украина, вистинските дејства кои ги преземаат западните сили покажуваат дека се директна страна во судирот“, вели функционерот.
Вели дека многу членки на НАТО се свесни за опасноста
Додава дека пристапувањето на Украина во НАТО ќе значи автоматско активирање на Членот 5, а кој гарантира дека земјите на НАТО же се вклучат во одбрана на членката која е во војна.
„Самите членки на НАТО ја сфаќаат самоубиствената природа на овој чекор“, вели тоја, мисчејќи на примањето на Украина во НАТО.
Венедиктов забележува дека барањето на киев го поддржале источните членки на НАТО.
„Но сериозните сили, па дури и самиот Брисел, реагираа на оваа иницијатива без ентузијазам и веднаш изнесоа стандарден сет противаргументи – непочитување на стандардите на блокот, постоење на територијални спорови итн.“ вели тој.
„Во секој случај, стојалиштето на Русија останува непроменето: пристапувањео на Украина во НАТО или некој друг сојуз формирани под покровителство на САД за нас е неприфатливо“, заклучува заменик-секретарот на Советот за безбедност.