Русија регистрираше прва вакцина против корона за животни
Русија ја регистрира првата вакцина во светот против корона вирус за животни, објави управата за безбедносна контрола во земјоделството.
Русија веќе има три вакцини против корона вирусот за луѓе, од кои најпозната е „спутник V“. Москва, исто така, итно одобри уште две вакцини, „епиваккорона“ и „ковивак“.
Вакцината за животни, која ја разви единицата на управата, ја нарече „корнивак-ков“.
Масовно производство може да почне следниот месец
„Клиничките испитувања на „корнивакков“, кои почнаа минатиот октомври, вклучува кучиња, мачки, арктички лисици, нутрии, лисици и други животни“, рече заменикот на управата, Константин Савенков.
„Резултатите од испитувањето ни овозможуваат заклучок дека вакцината е безопасна и дека дава висока заштита, затоа што сите вакцинирани животни развија антитела на корона вирус во 100 отсто од случаите“.
Имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето, но творците на вакцината продолжуваат тоа да го анализираат. Масовното производство на вакцини може да почне во април, додаваат од управата.