Русија покрена истрага против новинарот кој пишуваше за нападот на породилиштето во Мариупол
Руското правосудство отвори кривична истрага против познатиот новинар Александар Незоров. Рускиот Истражен комитет, одговорен за гонење на тешки злосторства, во вторникот изјави дека Незоров „свесно објавил лажни информации за намерно гранатирање од страна на руските сили на породилиште во градот Мариупол“. Објавени се и „недоверливи“ фотографии од погодените цивили. Руското Министерство за одбрана веќе официјално соопшти „дека оваа информација е лажна“.
Ова се првите познати истраги против новинар врз основа на неодамна донесениот закон со кој се дозволува затворска казна до 15 години за ширење „лажни вести“ за руската армија. Ова беше донесено по почетокот на војната во Украина.
Истражниот комитет соопшти дека сака да открие каде се наоѓа 63-годишниот Незоров. Поранешниот ТВ водител сега главно објавува на онлајн платформи. Неговиот канал на Јутјуб има повеќе од 1,6 милиони следбеници, а неговите последни четири видеа објавени таму се прегледани повеќе од три милиони пати.