Русија: Немаме доволно вакцини


 

Официјална Русија не остана должна на никого по однос на барање за купување вакцини, но во моментот нема капацитети со кои би се прифатиле сите барања, појасни денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Тој го коментираше барањето на претседателот на Чепка, Милош Земан, од Русија да купат „спутник V“, пренесе Тас.

„Русија внимателно одговара на секое барање и се труди да обезбеди што повече вакцини за земјите кои се соочуваат со помалку дози. Имаме премногу барања, а нашите производствени капацитети не се доволно големи за да го прифатиме сечие барање“, појасни Песков.