Русија го запре увозот на „вијагра“, ќе прави своја


 

Американската компанија „Виатрис“ престана да испорачува вијагра во Русија во форма на таблети. За ова за Интерфакс изјавија претставници на Министерството за индустрија и трговија, истакнувајќи дека во Русија постои можност за производство на слични лекови.

„Лекот со трговско име ‘вијагра’ одговара на меѓународното некомерцијално име (INN) силденафил, неговото производство не е локализирано во Русија“, се вели во соопштението на Министерството. Во исто време, во рамките на државната програма „Развој на фармацевтската и медицинската индустрија“, се вршат клинички испитувања на лекот со силденафил во форма на таблети. Ваквите препарати редовно излегуваат во продажба.

Економските последици од руската инвазија на Украина – логистичките тешкотии, повлекувањето на странските производители од Русија, проблемите со домашното производство – ги погодија полиците на аптеките.

Целосно се запрени испораките за Русија 28 фармацевтски производители. Вкупниот обем на увоз е намален на крајот на годината за 9%, или 1,7 милијарди пакувања. Во некои случаи, падот е двојно зголемен. Така е намалена, на пример, и понудата на основни антибиотици од серијата пеницилин.

На триесет и шест руски компании им беа издадени сертификати за регистрација за производство на руска таблета за еректилна дисфункција, која се чини дека има голема побарувачка.

Студиите цитирани од деловниот дневен весник „Комерсант“ велат дека Русите купиле 2,7 милиони таблети за еректилна дисфункција во средината на 2022 година, што е скок од 88 отсто во однос на истиот период во 2021 година.