Романите за Џејмс Бонд стануваат расно коректни
Англија- Дојде време романите за Џејмс Бонд на Иан Флеминг да бидат одново напишани.
Британскиот весник „Телеграф“ открива дека пред повторното издавање на романите за Бонд во април по повод 70-годишнината од „Казино Ројал“, првата книга од серијата, носителите на правата Иан Флеминг Публикации Ltd нарачале рецензија од чувствителни читатели .
Секоја книга ќе содржи предупредување: „Оваа книга е напишана во време кога термините и ставовите што може да се сметаат за навредливи од современите читатели беа вообичаени. Направени се голем број ажурирања во ова издание, притоа држејќи се што е можно поблиску до оригиналниот текст и периодот во кој е напишан“, соопшти Телеграф.
Најчесто користениот пејоративен термин што се користи за Црнците од Флеминг, чии книги за Бонд беа објавени помеѓу 1951 и 1966 година, е речиси целосно отстранет и заменет со „Црномуреста личност“ или „Црномурест“.
Во неколку од книгите, вклучувајќи ги “Thunderball” (1961), “Quantum of Solace” (1960) и “Goldfinger” (1959), етничките припадности се отстранети. Измените во американското издание на “Live and Let Die “ беа одобрени од самиот Флеминг. Флеминг почина во 1964 година.
Филмовите за Џејмс Бонд се една од најуспешните франшизи на сите времиња, со вкупна заработка од 7,8 милијарди долари. Последниот филм „ No Time to Die“ од 2021 година, го одбележа пензионирањето на Даниел Крег од улогата. (Варајати)