Ристо Василевски (Македонија) и Роза Бојанова (Бугарија): Врачен „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2026 


 
Денес, на првиот дел од манифестацијата „Празник на липите“, во Друштвото на писателите на Македонија, на академик Ристо Василевски (Македонија) и на Роза Бојанова (Бугарија) им беа врачени јубилејните, триесетти по ред награди „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија.
 
 
Плакетите и статуетките ги врачи претседателката на ДПМ Гордана Јовиќ-Стојковска, беседи за творештвата на лауреатите одржаа Сузана Мицева и Драгана Евтимова, а свои музични настапи имаше Филип Буркшлиев.
По повод јубилејот, на свеченоста присуствуваше и г. Владо Велјаноски, кој го изработува „Жезолот“ од основањето на наградата во 1996 г.
Вториот дел на јубилејното издание на „Празник на липите“ е закажан за почетокот на септември оваа година.