Ревизорите отворија Фејсбук страница


 Државниот завод за ревизија соопшти дека денеска ја промовира неговата официјална Фејсбук страница на која граѓаните и сите засегнати заинтересирани страни ќе имаат можност да се информираат за сите активности и резултати од вршењето на државната ревизија, а воедно истата ќе претставува простор за креативна и конструктивна дискусија и размена на мислења.

Линк до официјалната Фејсбук страница:

https://www.facebook.com/%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0Enti-Shtet%C3%ABror-i-RevizionitState-Audit-Office-103071538829988

Линк до веб страницата:

https://dzr.mk/mk/211116-oficijalna-fejsbuk-strana-na-drzhavniot-zavod-za-revizija

Државниот завод за ревизија е независна врховна ревизорска институција во  Македонија, која повеќе од 20 години транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за ревизорските наоди од спроведените ревизии. Државниот завод за ревизија во континуитет презема активности за интензивирање на активностите за зголемување на степенот на транспарентност и отчетност во своето работење. 

Водејќи се од стратешките определби дефинирани во „Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2020 – 2023 година“, целта на Државниот завод за ревизија е да поттикне комуникација во која медиумите, граѓаните и граѓанските организации ќе бидат сојузници во остварување на целите за зголемување на одговорноста на буџетските корисници за начинот на користењето на јавните средства, стои во соопштението.