Ревија и мастерклас: Денови на италијански дизајн во Скопје


На 9 март во Ист Гејт Мол со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, и KIKO MILANO, ќе се отвори 26. Моден викенд Скопје, во организација на Света Богова- Јовановска. 

Ревијата е во рамки на Деновите на италијански дизајн во Скопје, во организација на  Амбасадата на Р.Италија и ИТА- Italian Trade Agency, со кои се промовиира уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан.  Темата на годинешното издание е: “Квалитет што инспирира -енергијата на дизајност за луѓето и околината“ .

Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот,  кои ќе можат лично да ја почувстуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.

На 10 март, на Машинскиот Факултет во Скопје, еден од најпознатите италијански дизјанери, Арслан Додо, ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн и неговите дела. Арслан Додо е прогласен за Амбасадор на италијанскиот дизајн од Министерството за надворешни работи на Италија и е еден од најдобрите 90 дизајнери во светот. Со препознатливиот еклектичен стил, Арслан Додо, има дизајнирано многу уникатни парчиња и е специјализиран во делот на мебел и осветлување.  Добитник е на наградата Young & Design Prize, и Mini Design Awards. Арслан Додо е меѓу другото и предавач на повеќе универзитети. 

Настанот е од отворен тип и бесплатен, а заинтересираните учесници можат да се пријават директно на Машинскиот Факултет во Скопје.