Рестораните во Вашингтон празни откако Трамп испрати таму федерални трупи

Бројот на луѓе што јадат во рестораните во Вашингтон нагло се намали откако Доналд Трамп распореди федерални трупи во градот, според податоците, додека наводната претседателска акција против криминалот продолжува.
Истражувањето на „Опен tејбл“ покажа дека посетеноста на рестораните се намалувала секој ден минатата недела во споредба со 2024 година, при што бројот на гости се намалил за 31% во средаta, два дена откако Трамп ѝ нареди на Националната гарда да патролира низ Вашингтон.
Трамп го објави потегот на 11 август, тврдејќи дека Вашингтон бил „преземен од насилни банди и крволочни криминалци, скитнички толпи од дива младина, дрогирани манијаци и бездомници“. Неговите тврдења се спротивставија на официјалната статистика која покажува дека насилниот криминал во главниот град е на 30-годишно најниско ниво.
Податоците од „Опен тејбл“ покажуваат дека бројот на луѓе што прават онлајн резервации се намалил за 16% во понеделникот во споредба со претходната година. Бројот се намалил за 27% во вторникот и 31% во среда, бидејќи во градот биле распоредени воени возила и вооружени трупи.
Во петокот, демократите претставија заедничка резолуција за ставање крај на она што го опишаа како „скандалозни напади врз домашната власт во Вашингтон“, наведувајќи дека Трамп претерува во своите постапки во Вашингтон.