Републиканците го блокираа формирањето комисија за нападот на Капитол


Републиканците во Сенатот во петокот го блокираа формирањето на двопартиски панел за проучување на нападот на Капитол на 6 јануари во знак на лојалност на партијата кон поранешниот претседател Доналд Трамп, со цел да се пренасочи политичкиот фокус од насилното востание од неговите приврзаници во Републиканската партија.

Наместо тоа, сега е веројатно дека прашањата за тоа кој треба да сноси одговорност за нападот, ќе продолжат да се филтрираат преку партизирана леќа, наместо да бидат адресирани од независен панел, направен по примерот на комисијата што ги истражуваше терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Гласањето во Сенатот беше 54-35 – шест помалку од вкупно 60 потребни за усвојување на законот кој претходно помина во Претставничкиот дом, кој би формирал 10-члена комисија рамномерно поделена меѓу двете партии. Тоа се случи еден ден по емотивните апели на полицијата која се бореше со бунтовниците, семејството на офицер кој почина после тоа и пратениците во обете партии кои избегаа од коморите на Капитол при влегувањето на напаѓачите.

Шест републиканци гласаа заедно со демократите формирање на панелот. Единаесет сенатори – девет републиканци и двајца демократи – го пропуштија гласањето, невообичаено голем број отсутни за едно од најважните гласања на годината. Некои рекоа дека имале конфликти со агендата.

Тоа беше прва успешна употреба на филибастер во Сенатот во претседателството на Бајден и ги оживеа разговорите за да се отвори патот со временската процедура што обично се користи да се „убие“ важно законодавство. Потребни се 60 гласа за да се оди напред, наместо просто мнозинство во Сенатот со 100 члена.

Иако предлог-законот за комисијата на 6 јануари го усвои Претставничкиот дом претходно овој месец со поддршка од триесетина републиканци, повеќето сенатори што беа против изјавија дека веруваат дека Комисијата на крајот ќе се користи политички против нив. А Трамп, кој сè уште има цврста позиција во партијата, ја нарече „стапица на демократите“.

Зборувајќи пред своите републикански колеги, лидерот на демократите Чак Шумер рече по гласањето дека „се обидуваат да ги стават ужасите од тој ден под тепих“ поради лојалноста кон Трамп.

Тој ја остави отворена можноста за ново гласање во иднина за формирање двопартиска комисија, изјавувајќи: „Настаните од 6 јануари ќе бидат испитани“. (АП)