Репортажа на „Велт“ за Преспанско Езеро: Пеликаните живеат на крајот од улицата
Германскиот магазин „Велт“ објави репортажа посветена на убавините на Преспанското Езеро и незаборавното искуство да се престојува во природа, во изолација и да се набљудуваат пеликани, птици кои речиси и да не можат да се видат на друго место освен во пределите и националните паркови во Преспанскиот регион.
Авторката на текстот под наслов „Пеликаните живеат на крајот на улицата“ пишува за деновите минати на кампување на Преспанското Езеро, за уживањето што го нуди спокојот на природата која била дарежлива во регионот, за тоа место меѓу Стење и Коњско каде со денови може да се престојува и да не се види друг човек.
За Сара Кринге која за себе вели дека не е некој познавач на птиците, уште помалку орнитолог, она што го видела на Преспанското Езеро ја натерало малку поинаку да размислува.
Можноста да се гледаат птиците како пливаат по мирната езерска вода, како ловат риби и во таа изолираност како воопшто да не им пречи човечко присуство за авторката е инпиративно да го напише текстот, но и да промени нешто во нејзините перцепции кон уживањето во самотијата, спокојството што го нуди природата. На крајот авторката која себеси се декларира како динамична личност која е од акција ќе рече дека се уловила себеси како „одеднаш и да не и пречи тоа што со часови само седи и ги гледа птиците“.
„Пеликаните се чувствуваат како дома во Северна Македонија“, пишува во репортажата , при што се додава дека националните паркови околу Преспанските езера (покрај Големото има и мало Преспанско езеро) и нивниот поголем брат, Охридското езеро, се сметаат за најразновидни на Балканот.
„Ние сме на турнеја на Балканот со недели, ретко кога сме имале место за кампирање што било толку затскриено како оваа плажа со камчиња. Нашиот автобус стои во море од жолти цветови, крцка и чврчи во трските на брегот, желките се веселат во тревата на брегот: Никогаш не сум видел толку многу на едно место“, пишува „Велт“ во репортажата.