Ременски генерален конзул во Венеција, Синани во Њујорк?


Нејзината последна објава на социјалните мрежи е од пред неколку часа со семејна фотографија направена во Македонија. 

 Мухаби Синани кој ќе биде генерален конзул во Њујорк, САД кариерата ја започнал како преведувач, а потоа и како логистичар експедитор во компанијата КБР која се занимава со ИТ услуги, па продолжил како камп супервизор во Басра во Ирак како дел од тетовската фирма “Еколог”, блиска до ДУИ. Потоа е примен на работа во општината Чаир како кадар за односи со јавност. Некаде на почетокот на судирот меѓу Огнените и раководството на ДУИ, примен е на работа во МНР. Мухаби Синани добил ниско дипломатско звање, аташе, и според сите јавно достапни инфомации, досега немал било какво дипломатско искуство.

Владата вчера одржа седница, но во соопштението какви одлуки донеле, никаде не се споменува одлуката за именување на генерални конзули. Засега, нема ниту потврда, ниту демант на овие информации.